Комисијата, исто така, смета дека Уставниот суд на Полска повеќе не ги исполнува условите за независен и непристрасен суд заснован на закони, како што е предвидено со Договорот за ЕУ.
„Комисијата смета дека пресудите на Уставниот суд од 14 јули 2021 година и 7 октомври 2021 година ги прекршиле општите принципи на автономијата, приматот, ефективноста и еднообразната примена на правото на Унијата и обврзувачкото дејство на пресудите на Европскиот суд на правдата. Освен тоа, Комисијата смета дека оваа судска практика е спротивна на членот 19 од Договорот за Европската Унија, кој го гарантира правото на ефективна судска заштита, што резултира со лишување од целосни гаранции на поединци пред полските судови“, рече Комисијата во изјава.
ЕК заклучува дека „ЕУ е заедница на вредности и права“ и дека правата на Европејците според договорите на ЕУ мора да бидат заштитени, без разлика каде живеат во Унијата.
По покренувањето на оваа прекршочна постапка, Полска ќе има рок од два месеци да одговори, се наведува во Брисел.






