петок, 24 април 2026

Ербиенби нуди бесплатно сместување за 20.000 авганистански бегалци

Објавено на

часот

Сподели

Шефот на компанијата Брајан Чески рече дека тоа е одговор на една од најголемите хуманитарни кризи на нашето време.

„Ербиенби од денес почнува да нуди бесплатно сместување за 20.000 авганистански бегалци ширум светот“, напиша Чески на Твитер.

„Иако ние ќе платиме за престојот, не би можеле да го сториме тоа без дарежливоста на нашите домаќини“, додаде тој.

Сопственици на имоти што соработуваат со Ербиенби веќе долго време се поттикнуваат да донираат сместување за луѓе во криза. Иницијативата е покрената како одговор на ураганот Сенди во 2012 година, кога на повеќе од илјада луѓе итно им било потребно сместување по бурата што го погоди Њујорк.

Оттогаш им помогнале на повеќе од 75.000 луѓе, вели Ербиенби.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ