четврток, 4 јуни 2026

Доналд Трамп го опиша прекинот на огнот меѓу Израел и Либан како „умерено пукање“ (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп го опиша прекинот на огнот на Блискиот Исток како „умерено пукање“.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Трамп така одговори на новинарско прашање за да го дефинира прекинот на огнот меѓу Израел и Либан, пренесува Скај њуз.

„Во тој дел од светот, прекин на огнот е кога се пука поумерено“, рече Трамп.

„Не е лошо“, рече Трамп, свртувајќи се кон собраните високи претставници на администрацијата со насмевка, предизвикувајќи смеа кај публиката. „Но, тоа е вистина. Мислам, прекинот на огнот таму е многу различен од прекинот на огнот во другите делови од светот.“

Неколку лица се повредени утрово во израелски напад со беспилотно летало што погоди возило на патот Зефта-Кфарва во јужен Либан, објави Либанската национална новинска агенција (ННА).

Нападот беше извршен откако Израел и Либан постигнаа договор за прекин на конфликтот со посредство на САД за време на разговорите во Вашингтон.

Либанските државни медиуми објавија дека израелски беспилотни летала извршиле повеќе напади утрово на различни локации на југот на земјата, пренесува Ал Џезира.

Според објавениот договор, прекинот на огнот е условен од целосно прекинување на огнот од страна на Хезболах и повлекување на своите оперативци од областа јужно од реката Литани, додека се очекува либанската армија да преземе целосна контрола врз тие области. Сè уште не е јасно како ќе се спроведуваат предвидените безбедносни зони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ