четврток, 7 мај 2026

Додик: Приказните за Гренел и моето отстранување од политиката се „медиумско забавување“

Објавено на

часот

Сподели

„Демек Гренел може нешто? Па тој не е во администрацијата на САД. Тој е некој тип познат од претходно, беше во администрацијата на (поранешниот американски претседател Доналд) Трамп. Тоа што се лажеше пред три месеци во медиумите за мене, тоа веќе никој не го спомнува“, им кажа Додик на новинарите во Сараево.

Тој кажа дека претседателката на Република Српска Жељка Цвијановиќ, по неодамнешната посета на САД, го информирала дека во одредени американски политички кругови ѝ било понудено да го исфрли него и да ја преземе партијата СНСД, на која Додик е претседател.

„Штом дојде, таа веднаш ме информираше дека ѝ било понудено да го исфрли Додик и да ја преземе СНСД. Таа станала и им кажала „гледате ли вие дека јас сум сериозна жена, што зборувате глупости“. Немам јас што тука посебно да додадам“, изјави Додик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ