четврток, 7 мај 2026

Додик: Корупцијата е изговор, САД ги елиминираат политичарите кои не им одговараат

Објавено на

часот

Сподели

На новинарското прашање да ја искоментира изјавата на американскиот амбасадор во БиХ Ерик Нелсон дека „санкциите за оние кои ја поткопуваат стабилноста на Западниот Балкан се на маса“, и дека „новата верзија на извршната одредба ја вклучува корупцијата и можноста за санкционирање на оние кои ги поддржуваат оние кои го поткопуваат напредокот“, Додик одговори дека заканите со санкции од американските службеници и во БиХ и надвор од неа не се ништо ново, „како што не е ново и тоа што со години упорно се мешаат во внатрешните прашања на БиХ“.

Повикувајќи се на Дејтонскиот договор, Додик кажа дека „токму тие го поддржуваат неговото уништување и разградување на онаа БиХ на која Република Српска се согласи во 1995 година“.

„Се нагледавме процеси кои се водени против непослушни политичари, кои по тие процеси стануваа поконструктивни партнери за тој дел од меѓународната заедница кој го предводат САД“, истакна Додик.

Се очекува Американците да објават нова листа на санкции за државјаните ан БиХ, а се сомнева дека на неа би можеле да се најдат луѓе или фирми блиски до Додик. Самиот Додик од претходно е на американската „црна листа“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ