„На воздухопловните сили им обезбедивме прецизни разузнавачки информации, кои им овозможија да напаѓаат ракети што му се закануваа на Израел“, рече Барнеа.
„Но, нашата мисија со тоа не е завршена“, додаде шефот на израелската агенција. „Не ни очекувавме дека ќе заврши со прекинот на борбите. Интензивно го планиравме продолжувањето на кампањата, така што таа ќе продолжи да дава резултати и во периодот по нападот во Техеран“.
Барнеа рече дека одговорноста на Мосад ќе заврши „само кога ќе биде сменет овој радикален режим“. „Промената на режимот во Иран е наша мисија“, заклучи тој. „Нема да стоиме настрана и да гледаме додека се соочуваме со уште една егзистенцијална закана“.






