среда, 22 април 2026

Да ја бомбардираме Куба како што го бомбардиравме Косово, порача градоначалникот на Мајами

Објавено на

часот

Сподели

Градоначалникот на Мајами, Франсис Суарез, смета дека Соединетите Американски Држави треба воено да интервенираат на Куба за да го соборат тамошниот режим.

Суарез за „Фокс њуз“ изјави дека Вашингтон треба да проучи разни опции за притисок врз властите во Хавана.

„Треба да разговараме и да го земеме тоа како потенцијална опција, како една од многуте други опции“, нагласи Френсис.

Суарез потоа даде примери за тоа како САД реагирале на одредени настани во светот.

„Еден пример е воздушниот напад врз Косово за време на администрацијата на Клинтон“, објасни Суарез, осврнувајќи се на бомбардирањето на Југославија во 1999 година.

Подоцна тој ја омекна оригиналната изјава и додаде дека не повикува на конкретни чекори, но дека „луѓето во Мајами се многу загрижени“ затоа што американските власти не преземаат ништо.

„Да бидам јасен: јас не промовирам конкретна стратегија, не сум воен експерт ниту претставник на армијата. Ги немам податоците или анализите што ги има војската. Нашата армија ќе носи одлуки. Верувам дека такви дискусии се водат, јавно или не“, објасни градоначалникот на Мајами.

Протестите на Куба, на кои учествуваа илјадници луѓе, избија на 11 јули во десет административни единици. Демонстрантите бараат „слободни избори“ и решавање на социјалните проблеми. По повикот на претседателот и приврзаниците на владата и комунистите излегоа на улиците и организираа собири во кубанските градови.

Американскиот претседател Џо Бајден ги поддржа демонстрантите што учествуваат на антивладините протести на Куба.

„Соединетите Држави цврсто стојат зад кубанскиот народ додека ги бара своите универзални права и ние ја повикуваме кубанската влада да се воздржи од насилство и од обиди да го замолчи гласот на народот“, рече Бајден.

Тој ги отфрли тврдењата на кубанската влада дека САД стојат зад протестот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ