вторник, 28 април 2026

Чешка: Земан само дехидрирал, се враќа на работа следната недела

Објавено на

часот

Сподели

Земан во вторникот беше примен во болница, но утврдено е дека само дехидрирал и дека бил благо истоштен, соопшти денес неговиот кабинет.

Се наведува дека Земан бил на скенер, на прегледи со ултразвук и на тестови на крвта во прашката воена болница.

Тој сè уште нема да излезе од болница и ќе продолжи да прима инфузија.

Земан е страстен пушач и боледува од дијабетес и неуропатија. Има проблеми со одењето, поради што често користи количка.

Поранешниот претседател на Чешка Вацлав Клаус кој, поради висок крвен притисок се наоѓа во истата болница со Земан, се очекува да биде пуштен оваа недела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ