петок, 8 мај 2026

Бројот на жители на Бугарија намален за 11,5 отсто за десет години

Објавено на

часот

Сподели

Во Бугарија во 2021 година живееле 844.000 луѓе помалку отколку за време на пописот во 2011 година, соопшти Државниот статистички институт.

Во 2011 година имало 7,3 милиони Бугари, а минатата година 6,5 милиони.

Намалувањето на населението експертите го припишуваат на ниската стапка на наталитет, високата стапка на морталитет и константното заминување на работоспособните луѓе во западна Европа и на други места, во потрага по подобра работа и образование.

Бугарија со години важи за една од државите со најбрзо опаѓачко население во светот.

Од преминувањето од комунизам во капитализам пред 30 години, бројот на жители на Бугарија е намален од девет на 6,5 милиони.

Експертите на ОН проценуваат дека бројот на жители во Бугарија ќе падне на околу 5,4 милиони до 2050 година ако актуелниот тренд продолжи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ