четврток, 7 мај 2026

Брегзитот ги разочара Британците

Објавено на

часот

Сподели

Истражувањето исто така покажа дека 42 отсто од луѓето што во 2016 година гласале за напуштање на ЕУ имаат негативно мислење за тоа како досега поминал брегзитот. 26 отсто од оние што гласале за брегзит сметаат дека сè испаднало полошо отколку што очекувале, додека 16 отсто рекле дека очекувале излезот од ЕУ да помине лошо и дека биле во право.

Меѓу оние што гласале за останување на Британија во ЕУ, 86 отсто велат дека сè поминало лошо или полошо отколку што очекувале. Севкупно, само 14 отсто од гласачите сметаат дека брегзитот поминал подобро отколку што очекувале, објави Гардијан.

За Адам Драмонд од агенцијата Опиниум, највпечатливо откритие е дека поддржувачите на брегзитот веќе не се толку убедени во добрите страни на напуштањето на ЕУ.

Драмонд вели дека во текот на целиот процес на брегзит, напуштањето на ЕУ било лоша работа за Британците што биле за останување на земјата во ЕУ, и добра работа за оние што биле за напуштање.

Меѓутоа, сега тоа се променило и може да се види дека значително малцинство поддржувачи на напуштањето на ЕУ рекле дека работите одат лошо или барем полошо од очекуваното.

Драмонд посочува дека 59 отсто од гласачите за останување на Велика Британија во ЕУ рекле дека очекувале брегзитот да помине лошо и дека мислат дека така и било, а само 17 отсто од поддржувачите на излегувањето од ЕУ рекле дека очекувале сè да оди добро и мислат дека е така.

„Само седум отсто од оние што гласаа за останување на Британија во ЕУ сметаат дека сè поминало подобро отколку што очекувале, додека 26 отсто од поддржувачите на излегувањето сметаат дека е полошо од очекуваното. Така, блокот за останување главно е едногласен по тоа дека брегзитот е лош, додека блокот за излез е малку поподелен“, рече Драмонд.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ