четврток, 7 мај 2026

Борел: Реториката на поделби на Западниот Балкан го попречува патот на земјите кон ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

Во новогодишниот блог, во кој се осврна на најважните настани во годината која завршува, во врска со надворешната политика на ЕУ, Борел наведе дека тоа особено се однесува на Босна и Херцеговина.

„Порастот на реториката и акциите кои предизвикуваат поделби низ Западниот Балкан, особено во Босна и Херцеговина, ги попречуваа напорите за приближување на тие шест земји кон нивната европска иднина“, наведе Борел.

Тој напиша и дека ЕУ, додека се шират хибридните судири, мора да продолжи да ги поддржува Украина и Молдавија „во издржувањето на притисокот на Русија“ и да го задржи „непопустливиот пристап“ кон Белорусија.

2021 ја опиша како „година на транзиција“, наведувајќи дека геополитичките промени „се интензивираа со политиката на моќ која повеќе пати ја доведуваше во прашање ЕУ и нејзините вредности“.

„Мораме да одговориме со сета решително која можеме да ја собереме“, наведе високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика.

Покрај многуте назадувања и предизвици, во 2021 имало и позитивни случувања, смета Борел и како еден од примерите ја наведе водечката улога на дипломатијата на ЕУ во борбата против климатските промени на Конференцијата на ОН за климата (КОП26) во Глазгов.

Во годината која завршува дошло и до обнова на односите на ЕУ и САД под претседателот Џо Бајден, оцени Борел.

„Новиот правец на американската администрација ни овозможи да постигнеме напредок, на пример во поглед на климатските промени, преговорите за иранската нуклеарна програма и оданочувањето на корпорациите“, кажа тој.

За Кина, тој истакна дека е одржано единството на ЕУ, која призна дека таа земја истовремено ја гледа како партнер, конкурент и системски ривал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ