четврток, 7 мај 2026

Белгискиот премиер: Размислуваме за задолжителна вакцинација, целта е да се вакцинираат сите

Објавено на

часот

Сподели

Социјалистите кои седат во владата на Де Кро претходно повикаа на воведување задолжителна вакцинација, но премиерот го опиша потегот како „политичка мрзеливост“.

Но, се чини дека либералниот премиер на Белгија е на прагот да се предомисли, пишува Политико. Тој вели дека состојбата на одделенијата за интензивна нега го навела да размислува за задолжителна вакцинација.

„Влијанието на релативно мала група луѓе врз нашето здравство е преголемо. Не можеме да дозволиме тоа да се случи. Кејнз, британски економист, еднаш рече: „Кога фактите ќе се променат, јас се предомислувам“. Добри аргументи можат да ме убедат“, рече Де Кро.

„Целта е јасна: мора да ги вакцинираме сите. Ако задолжителна вакцинација може да помогне, тогаш би сакал да размислам за тоа. Но, предупредувам: владата не може сама да донесе таква одлука, таа расправа мора да се води во парламентот“, рече премиерот.

Во Белгија, бројот на пациенти хоспитализирани во неделата падна под 2.000 за прв пат од почетокот на ноември. Но, властите очекуваат бројот на хоспитализирани повторно да се зголеми поради појавата на омикрон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ