четврток, 7 мај 2026

Белгија ќе ги затвори нуклеарните централи до 2025 година

Објавено на

часот

Сподели

Коалиција од седум партии околу тоа се бореше со недели, при што Зелените цврсто се залагале за почитување на законот за напуштање на нуклеарната енергија од 2003 година, додека либералите од француско говорно подрачје за тоа двата најнови нуклеарни реактори да останат отворени.

Со двете белгиски нуклеарни централи, со вкупно седум реактори, управува француската компанија Енжи. По ноќните преговори, групата министри постигнала компромис според кој последната нуклеарна централа ќе биде затворена во 2025 година, соопшти телевизијата.

Белгија ќе инвестира 100 милиони евра во истражување за иднината на нуклеарната енергија, со фокус на помали модуларни реактори. Белгија сè уште треба да утврди како да го надомести недостигот на енергија, со можност за користење електрани на гас. Одлуката за тоа би можела да биде донесена до март.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ