Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ги предводеше нападите врз Политико, кој е во сопственост на германскиот медиумски гигант Аксел Спрингер од 2021 година. Во контроверзната статија се цитирани неименувани функционери кои тврдат дека во разговорите со рускиот претседател Владимир Путин кај Виткоф „јасно се гледа неискуство“.
„Оваа приказна на Политико е новинарски пропуст. Но, тоа е повеќе од тоа: тоа е операција на странско влијание дизајнирана да им наштети на администрацијата и на еден од нашите најефикасни членови“, порача Венс преку социјалната мрежа Икс.
This story from Politico is journalistic malpractice. But it’s more than that: it’s a foreign influence operation meant to hurt the administration and one of our most effective members.
Notice how all of the people attacking Steve are on background? That means it’s two or three… https://t.co/LsPmTpZfqy
— JD Vance (@JDVance) August 29, 2025
На Венс му се придружија и други функционери на Белата куќа. Заменик-шефот на кабинетот Џејмс Блер ја нарече статијата „операција на странско влијание спроведена преку онлајн медиум под контрола на Германија“.
И покрај сериозноста на обвинувањата, официјалните лица не понудија никакви докази за да ги поткрепат тврдењата за вмешаност на странска влада или која било друга организација.
Ова не е прв пат администрацијата на Трамп да го брани Виткоф, тајкун за недвижности кого Трамп го назначи за специјален пратеник за мировните преговори во Украина и Газа, и покрај неговиот целосен недостаток на дипломатско искуство.
Статијата во Политико е само една од низата статии објавени во последните денови, вклучително и една во Атлантик, во кои се вели дека преговорите на Виткоф со Русија предизвикале конфузија.
Нападите врз медиумите доаѓаат во време кога Берлин и Париз изразуваат сомнежи за успехот на мировните напори на Трамп. Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека очекува војната да трае „уште многу месеци“.
Сем Виткоф, кој неодамна неколку пати патуваше во Москва на средби со Путин, а во петокот во Њујорк се сретна со украински претставници, накратко ја коментираше ситуацијата. Тој рече дека „изјавата на нашиот неверојатен потпретседател зборува сама за себе“.






