петок, 8 мај 2026

Бајден: САД решително ќе одговорат ако Русија ја нападне Украина

Објавено на

часот

Сподели

Повикот следи неколку дена откако Бајден го одржа вториот разговор за еден месец со рускиот претседател Владимир Путин околу тензиите на руско-украинската граница, каде Русија држи околу 100.000 војници.

„Претседателот Бајден јасно даде до знаење дека САД и нивните сојузници и партнери решително ќе одговорат ако Русија дополнително ја нападне Украина“, кажа портпаролката на Белата куќа Џен Псаки по телефонскиот разговор на двајцата претседатели.

Украинскиот претседател кажа дека со Бајден разговарал за заедничките акции за зачувување на мирот во Европа и спречување понатамошна ескалација.

„Првиот меѓународен разговор годинава со Бајден ја докажува посебната природа на нашите односи“, напиша Зеленски на Твитер.

Објави дека се разговарало за заеднички акции на Украина, САД и „партнерите во зачувување на мирот во Европа, спречување понатамошна ескалација, реформи…“. „Ја цениме непоколебливата поддршка на Украина“, порача Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ