вторник, 28 април 2026

Бајден предлага зголемување на данокот за компаниите и богатите

Објавено на

часот

Сподели

Комитетот на Претставничкиот дом што е надлежен за разгледување на буџетот, и во кој пратениците на демократите имаат мнозинство, со мнозинство гласови ги одобри деловите од нацрт-буџетските закони што се однесуваат на даноците.

Ова вклучува зголемување на највисоката стапка на данок на доход од 37 на 39,6 проценти и на највисоката стапка на данок на добивка од 21 на 26,5 проценти.

Според планот, стапката на данок на капитална добивка ќе се зголеми од 20 на 25 проценти за Американците со оданочен приход над 400.000 американски долари, со додаток од 3 проценти на приходот поголем од 5 милиони американски долари.

Мислењето на комитетот е препорака до лидерите на Претставничкиот дом и Сенатот, додека во наредните недели тие ќе работат на конечните верзии на законите за даноци и трошоци.

Демократите, чија цел е законот да се усвои без поддршка од републиканските пратеници, не можат да си дозволат да загубат повеќе од три гласа во Претставничкиот дом и ниту еден глас во Сенатот.

Зголемувањето на данокот е очекуван предлог, имајќи предвид дека за време на кризата со коронавирусот владите на Доналд Трамп и на Џо Бајден одобрија огромни фискални стимулации за да им помогнат на граѓаните да ја надминат кризата и за да го поттикнат економското закрепнување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ