петок, 8 мај 2026

Бајден го нападна Трамп, вели дека е закана за демократијата. Трамп веднаш реагираше

Објавено на

часот

Сподели

Бајден и потпретседателката Камала Харис им се обратија на Американците во четвртокот во Капитол, една година откако илјадници поддржувачи на Трамп упаднаа во зградата обидувајќи се да го запрат пребројувањето на гласовите и да спречат потврда за победата на Бајден.

„Ова е вистина: поранешниот американски претседател создаде и ширеше мрежа од лаги за изборите во 2020 година. Тој го направи тоа затоа што ја цени моќта над принципот“, рече Бајден.

„На денешен ден пред една година, демократијата беше нападната на ова свето место. (…) Уставот, нашиот устав се соочи со најсериозните закани“, рече американскиот претседател, додавајќи дека демонстрантите во Капитол „држеле бодеж под грлото на американската демократија“.

Бајден рече дека демонстрантите не го нападнале Капитол „од патриотизам или принцип“. „Тие не (дојдоа) во служба на Америка, туку во служба на еден човек“. Тој го осуди Трамп бидејќи ги гледал немирите на телевизија и „со часови не реагирал“.

Четири лица беа убиени на денот на нападот, а еден полицаец кој се наоѓаше во Капитол загина еден ден по одбраната на Конгресот. Во меѓувреме, четворица полицајци кои го бранеа Конгресот, си го одзедоа животот.

Бајден истакна дека за прв пат во историјата на САД, неговиот претходник „се обиде да спречи мирен трансфер на власта“ кога „насилна толпа“ упадна во Капитол и порача дека Американците „мора да се погрижат тоа никогаш да не се повтори“.

Тој додаде дека Трамп ја претставува Америка предводена од „автократски моќник“ и ги пофали изборите во 2020 година како „најголема демонстрација на демократијата“ во американската историја бидејќи 150 милиони Американци излегоа на гласање и покрај пандемијата на ковид-19.

Поранешниот претседател реагираше на говорот на Бајден. Трамп го обвини Бајден за „уништување на нацијата“.

Актуелниот претседател „денес го искористи моето име за да се обиде дополнително да ја подели Америка“, рече Трамп.

Тој ги повтори наводите за изборна измама. „Медиумите соучесници тоа го нарекуваат голема лага, а голема лага всушност беа самите избори“, повтори поранешниот претседател.

„Демократите сакаат да го поседуваат овој ден, 6 јануари, за да можат да поттикнуваат стравови и да ја делат Америка“, рече Трамп.

Околу 55 отсто од републиканските гласачи веруваат во тврдењето на Трамп за изборна измама кое е отфрлено од десетици судови, вклучително и од членови на поранешната администрација на Трамп, според анкетата на Ројтерс и Ипсос.

Но, Трамп остана популарен кај републиканските гласачи и повеќе пати навестуваше дека повторно ќе се кандидира за Белата куќа во 2024 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ