сабота, 18 април 2026

Ангела Меркел е вакцинирана со две различни вакцини

Објавено на

часот

Сподели

66-годишната канцеларка беше вакцинирана пред неколку дена, пишува Би-би-си.

Експертите сметаат дека комбинирањето на различни вакцини може да биде добра идеја, но рано е да се каже со сигурност.

Во април, портпарол на канцеларката објави фотографија од сертификатот за вакцинација на Твитер како доказ дека Меркел била вакцинирана со прва доза на вакцина против корона.

Експертите веруваат дека комбинирањето на вакцини против коронавирус може да обезбеди поширок и подолготраен имунитет против вирусот и неговите варијанти и да понуди поголема флексибилност на вакцинацијата. Студиите се во тек, но некои земји веќе ја дозволија оваа практика.

По извештаите за ретки крвни згрутчувања кај мал број млади лица вакцинирани со Астразенека, Германија препорача лицата на возраст под 60 години кои веќе примиле прва доза од Астразенека да се вакцинираат со друга вакцина од безбедносни причини.

Меркел не спаѓа во оваа возрасна група, но и покрај тоа за втора доза ја доби вакцината на Модерна, а не на Астразенека.

Можеби ќе се покаже дека тоа е одлука што пружа уште подобра заштита, но додека не бидат објавени резултати од големите студии, рано е да се каже со сигурност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ