вторник, 5 мај 2026

Американскиот суд го одби барањето на Трамп, ќе ги објави списите што тој сака да ги задржи во тајност

Објавено на

часот

Сподели

Судијката Тања Чуткан со таа одлука ги запре обидите на поранешниот американски претседател да задржи повеќе од 700 страници документи во тајност. Адвокатскиот тим на Доналд Трамп кажа дека ќе поднесе жалба на оваа одлука, пишува Си-ен-ен.

Според оваа одлука, Националниот архив би требало в петок да им ги предаде на застапниците бараните записници од телефонските разговори на Белата куќа, видеоснимките поврзани со 6 јануари, како и три страници со рака напишани белешки на тогашниот шеф на Трамповиот персонал.

„Претседателите не се кралеви, а обвинителот не е претседател“, напиша Чуткан.

Таа наведе дека барањата на поранешниот претседател немаат предност пред одлуките на сегашниот претседател за заштита на привилегираните информации на извршната власт и дека привилегијата на претседателот „постои за благосостојба на Републиката, а не на единката“.

Застапничкиот дом наведе пред судот дека Трамп нема право да ги чува доверливите документи од времето на неговото претседателствување и дека таа документација им е потребна на застапниците за реконструкција на постапките на Трамп на 6 јануари и за неговите обиди да го поткопа легитимитетот на изборите од 2020 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ