вторник, 5 мај 2026

Трамп: Нема да дозволам Иран да има нуклеарно оружје, цените на горивата ќе паднат

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера повтори дека САД нема да дозволат Иран да развие нуклеарно оружје, пренесува Анадолу.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не можеме да дозволиме Иран да има нуклеарно оружје“, рече Трамп на собир на мали бизниси во Белата куќа.

Неговите изјави доаѓаат откако Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) објави дека разорувачите со водени ракети на американската морнарица моментално дејствуваат во Заливот, откако поминаа низ Ормускиот теснец како дел од операцијата „Проект слобода“, чија цел е да се обезбеди слобода на пловидба за трговските бродови.

„Тие немаат морнарица, немаат воздухопловни сили, немаат воздушна одбрана, немаат радари, немаат лидери. Всушност, и лидерите си заминаа, но не можеме да им дозволиме да имаат нуклеарно оружје“, рече Трамп.

Трамп додаде дека очекува високите цени на горивата да паднат „многу брзо“ по завршувањето на војната со Иран.

Претходно во понеделник, тој исто така рече дека американската војска уништила седум ирански „мали бродови“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ