петок, 17 април 2026

Американците објавија снимка од Оманскиот Залив, вака изгледа блокадата (ВИДЕО)

Американската воена команда ЦЕНТКОМ објави видео од Оманскиот Залив на кое се гледа воен хеликоптер како придружува трговски брод за време на спроведувањето на поморската блокада на иранските пристаништа.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Заедно со видеото, тие објавија и аудио комуникација со бродот: „Моторен брод Мали, ова е воен брод 112. Ќе ве придружуваме до вашето следно пристаниште. Ви благодариме на соработката. Ова е воен брод 112, остануваме во врска на канал 16. Крај.“

Во соопштението се наведува дека американската морнарица ги пренасочува трговските бродови што пловат кон или од иранските пристаништа и дека американските сили се подготвени да ја одржат блокадата „колку што е потребно“.

Техеран на самиот почеток на војната со Израел и САД, практично го затвори Ормускиот теснец, еден од најважните поморски патишта во светот за транспорт на нафта.

Како одговор, САД започнаа сопствена поморска блокада на иранските пристаништа, обидувајќи се да го спречат извозот на нафта и дополнително да го зголемат притисокот врз Техеран, соопштија агенциите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ