вторник, 28 април 2026

Албанија за првпат има влада сочинета мнозински од жени

Објавено на

часот

Сподели

По парламентарната расправа која траеше повеќе од 20 часа, Еди Рама беше изгласан за премиер трет пат по ред, по надмоќната победа на изборите во април.

Од 17 члена на владата 12 се жени.

„Борбата против половата дискриминација и семејното насилство останува многу отворена и далеку од тоа дека е добиена“, кажа Рама пред пратениците кои за неговата влада гласаа со 77 гласа од 140, па додаде: „И понатаму постојат дискриминаторски сили и негативна енергија кои влијаат во нашето општество за да им наштетат на жените и девојчињата“.

Олта Џака ќе продолжи да служи како министерка за надворешни работи, а новодојдената Делина Ибрахимај, поранешната шефица на даночната управа, ќе го води министерството за финансии и економија.

Рама кажа дека борбата против криминалот и корупцијата ќе биде приоритетот на новиот мандат.

Новата влада предвидува економски раст од околу 4 отсто годишно, по падот од 3,3 отсто во 2020 година како резултат на пандемијата.

Албанија е членка на НАТО и целта ѝ е еден ден да се придружи на Европската Унија, но недостигот од реформи и неодлучноста на дел од членките на ЕУ за проширување го успорија пристапниот процес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ