петок, 8 мај 2026

Албанија во Советот за безбедност на ОН

Објавено на

часот

Сподели

Албанија од денес, за прв пат, е непостојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации во име на група источноевропски земји.

Меѓу петте нови непостојани членки се Бразил, Габон, Гана и ОАЕ.

Советот за безбедност на ОН има 15 членки од кои пет постојани со право на вето – Франција, Британија, САД, Кина и Русија, а 10 се бираат на период од две години, но со тоа што секоја година се менуваат по пет членки.

Непостојаните членки се бираат по регионален принцип.

Во непарните години во Советот за безбедност влегуваат по една земја од Африка, Азија и Јужна Америка и две од групата западни земји, а во парните две земји од Африка и по една од Азија, Јужна Америка и Источна Европа. Парната година е почеток на мандатот и за арапска членка.

Од новите непостојани членки најмногу искуство има Бразил на кого ова му е 11-ти двогодишен мандат во Советот за безбедност на ОН, а најмалку има Албанија чиј претставник за првпат ќе седи во тоа тело.

Габон и Гана претходно три пати биле бирани за непостојани членки, а ОАЕ еднаш.

Повеќе од третина земји членки на ОН никогаш не биле застапени во Советот за безбедност на ОН. Меѓу нив се и Македонија, Србија, Црна Гора.

СФР Југославија четири пати била непостојана членка на Советот за безбедност, а од нејзиниот распад, како самостојни држави, членки на тоа тело досега биле Словенија (1998-1999), Хрватска (2008-2009) и БиХ (2010-2011).

Новите непостојани членки ќе им се придружат на Индија, Ирска, Кенија, Мексико и Норвешка кои се непостојани членки на Советот за безбедност од минатата година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ