четврток, 7 мај 2026

19-годишно момче со самострел сакало да ја убие кралицата Елизабета (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Тој им го испратил видеото на своите пријатели преку апликацијата Снепчет.

Тој на видеото држи самострел и пред камерата се обраќа со променета боја на гласот додека носи качулка.

„Ова е одмазда за оние кои загинаа во масакрот во Џалијанвала Баг во 1919 година. Жал ми е. Жал ми е за она што го направив и што ќе го направам. Ќе се обидам да ја убијам Елизабета, британската кралица“, вели тој во видеото, а потоа ги наведува причините.

„Исто така е и одмазда за оние кои беа убиени, понижени и дискриминирани поради раса. Јас сум индиски Сик, Сит. Моето име беше Џасвант Синг Чеил, а сега е Дарт Џонс“.

Во Војна на ѕвездите, Сит се непријатели на Џедаите и ѝ служат на темната страна на Силата. Масакрот во Џалијанвал Баг се случи во Индија во 1919 година, кога британските колонијални трупи убиле меѓу 380 и 1.000 мирни демонстранти и раниле уште 1.200 луѓе.

Осомничениот додава дека не очекува да преживее по нападот на кралицата.

Полицијата го фатила 19-годишното момче на Божиќ во 8.30 часот во кралската палата откако биле активирани алармите и бил забележан на безбедносните камери.

Кралицата, која се наоѓала на само 500 метри од него, во тоа време појадувала и била информирана за упадот заедно со другите членови на кралското семејство присутни во замокот.

Останува нејасно како и кога влегол во замокот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ