петок, 18 јули 2025

Велика Британија и Германија се подготвуваат да потпишат сеопфатен договор

Велика Британија и Германија се подготвуваат да потпишат сеопфатен договор што вклучува клаузула за меѓусебна помош во случај на (воена) закана за која било од двете нации, потврдија неименувани извори запознаени со процесот.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Како што пренесува бриселскиот портал Политико, со потпишување на заедничка декларација минатото лето, британскиот премиер Кир Стармер и поранешниот германски канцелар Олаф Шолц ги поставија темелите за овој договор и ветија поблиска соработка во областите на мирот и безбедноста, како и економскиот раст.

Текстот на договорот е во финализирање и се очекува да биде потпишан на 17 јули, пред двата парламента да се распуштат за летниот одмор, изјавија двајца британски функционери.

Клучните делови вклучуваат поглавје посветено на одбраната кое се темели на Договорот од Тринити Хаус, потпишан минатата година, и предвидува дека секоја стратешка закана за една земја би претставувала закана и за другата.

Ова би ѝ овозможило на Германија клаузула за заемна помош со двете европски нуклеарни сили, во согласност со желбата на германскиот канцелар Фридрих Мерц да го зајакне одвраќањето на континентот независно од САД.

Иако договорот веројатно ќе ја потврди посветеноста на двете нации кон НАТО, камен-темелникот на системот за колективна одбрана, воведувањето на оваа клаузула ја нагласува желбата на европските сојузници да соработуваат потесно по безбедносните прашања, додека САД постепено се повлекуваат од трансатлантската одбранбена алијанса, заклучува Политико.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ