среда, 16 јули 2025

Турција најави разоружување на курдските милитанти

Работничката партија на Курдистан (ПКК) би можела да почне да го предава оружјето „во рок од неколку дена“, изјави портпаролот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) во Турција, што претставува најјасен знак за напредок досега во напорите за разоружување на забранетата група.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На новинарското прашање дали постои временско ограничување за милитантите на ПКК да го предадат оружјето, портпаролот Омер Челик кажа: „Не сакам да дадам конечен временски рок во оваа фаза. Сега стигнавме до фаза каде што тоа би можело да се случи за неколку дена“.

Челик додаде дека наредните денови ќе бидат „исклучително важни за Турција слободна од тероризам“.

ПКК, која повеќе од четири децении се бори против турската држава поради угнетувањето на Курдите, во мај одлучи да се распушти и да ја прекине својата вооружена борба.

Откако ПКК го почна својот бунт во 1984 година, првично со цел создавање независна курдска држава, во конфликтот загинаа повеќе од 40.000 луѓе, создаде огромни економски пречки и поттикна социјални тензии во Турција.

Одлуката на ПКК да се разоружи би можела да ја зголеми политичката и економската стабилност на Турција, членка на НАТО, и да поттикне процеси за ублажување на тензиите во соседните Ирак и Сирија, каде што курдските сили се сојузници со САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ