понеделник, 14 јули 2025

Трамп: Израел се согласи со условите за прекин на огнот во Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Израел се согласил со условите за конечен договор за 60-дневен прекин на огнот во Газа, во кој ќе се вложат напори за завршување на војната во палестинската енклава.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Моите претставници денес имаа долг и конструктивен состанок со Израелците за Газа. Израел се согласи на потребните услови за постигнување на 60-дневен ПРЕКИН НА ОГАНОТ, за време на кој ќе работиме со сите страни за да ја завршиме војната“, рече Трамп на социјалните мрежи.

„Катарците и Египќаните, кои работеа многу напорно за да постигнат мир, ќе го достават овој последен предлог. Се надевам, за доброто на Блискиот Исток, дека Хамас ќе ја прифати оваа понуда бидејќи нема да биде подобро – само ЌЕ биде полошо“, заклучи американскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ