„Самитот ќе ја унапреди работата кон координиран, независен, мултинационален план за заштита на меѓународната пловидба откако конфликтот ќе заврши“, соопшти портпаролот, пренесе Гардијан.
Макрон претходно изјави дека земјите што ќе учествуваат во иницијативата ќе работат на „строго одбранбена мисија, одвоена од страните вклучени во конфликтот“, која „треба да почне веднаш штом условите ќе го дозволат тоа“.
Објавата доаѓа во време кога Соединетите Американски Држави ја почнаа поморската блокада на иранските пристаништа, при што претставници на Белата куќа ја бранат како оправдан одговор на фактичкото затворање на Ормускиот теснец од страна на Иран.
Во меѓувреме, извештаите укажуваат дека постои можност за втора рунда преговори меѓу завојуваните страни. Новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на ирански извори, наведува дека разговорите би можеле да продолжат во Пакистан подоцна оваа недела или во почетокот на следната, додека Асошиејтед прес објави слична информација, цитирајќи американски претставници што велат дека разговорите за нова рунда сè уште се во тек и би можеле да се одржат в четврток.






