понеделник, 7 јули 2025

Шокантна одлука: Американците го оставија Зеленски на цедило

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет нареди неопределено суспендирање на испораките на ракети и муниција во Украина поради загриженост во врска со воените залихи на САД, според повеќе извори запознаени со одлуката, пренесува Ен-би-си.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Хегсет ја донесе одлуката неколку недели откако испрати меморандум со кој нареди инспекција на залихите на муниција на САД, кои се исцрпени по години испраќање оружје во Украина за одбрана од руска инвазија, како и речиси две години воени операции на Блискиот Исток против бунтовниците Хути во Јемен и помагање на Израел во неговиот конфликт со Хамас, Хезболах и Иран, изјавија четворица функционери, според американската телевизија.

„Оваа одлука е донесена за да се стават интересите на Америка на прво место откако Министерството за одбрана ја разгледа воената поддршка и помош на нашата земја за други земји низ целиот свет. Силата на војската на Соединетите Американски Држави не е доведена во прашање, само прашајте го Иран“, изјави заменик-портпаролката на Белата куќа, Ана Кели.

Пентагон сè уште не ја коментираше одлуката, но Ен-би-си, повикувајќи се на извори, обезбеди список на оружје што повеќе нема да се испраќа во Украина.

Списокот вклучува ракети за системите „Патриот“, муниција за хаубици од 155 мм, 100 ракети „Хелфаер“, 250 ракетни системи „ГМЛРС“, десетици ракети земја-воздух „Стингер“, ракети воздух-воздух „АИМ“ и фрлачи на гранати, соопшти американската телевизиска станица, повикувајќи се на повеќе извори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ