петок, 7 ноември 2025

Поради дронови затворен аеродромот во Брисел

Аеродромот во Брисел е затворен денес откако биле забележани најмалку три дрона, објавија белгиската контрола на летање и аеродромот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Авионите во моментов ниту слетуваат ниту полетуваат“, кажа портпаролката на аеродромот, додавајќи дека не може да се процени колку долго ќе биде затворен аеродромот.

Аеродромот во Лиеж, кој е помал од аеродромот во Брисел, исто така објави дека во моментов е затворен откако биле забележани дронови.

Портпаролот на белгиската контрола на летање Курт Вервилиген кажа дека нешто по 19 часот по локално време во близина на аеродромот во Брисел бил виден дрон поради што аеродромот е затворен.

Аеродромите во Копенхаген и Осло во септември исто така мораа накратко да затворат поради дронови, а минатиот викенд дронови беа забележани и над белгиска воздухопловна база.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ