Таа прогноза е изработен врз основа на анализа на глобалната понуда и побарувачка за енергија, пренесува Би-би-си.
Станува збор за мрачна но реалистична проценка за тоа „што науката вели дека треба да се прави“, истакнуваат експертите.
Тие изработиле „сценарио за иднината“ кое остава многу помалку простор за експлоатација на фосилните горива отколку што претходно се мислеше.
Научниците велат дека ограничувањето на растот на глобалната температура на 1,5 степени би можело да помогне да се избегнат најлошите ефекти на климатските промени.
Пресметале дека, глобално гледајќи, производството на фосилните горива својот врв требало да го има во 2020 и секоја година да паѓа по три отсто до 2050.
„Во пандемијата на ковид-19 видовме остар пад на производството, но сега работите се враќаат на старо“, вели д-р Стив Пај од Универзитетот во Калифорнија.
Студијата објавена во магазинот Нејчр исто така утврдила дека падот на производството на нафта и гас до 2050, за да се одржи нивото на јаглерод, значи дека бројни региони во моментов или во следните десет години ќе бидат на врвот на производството.
„Јаглеродниот буџет“ е кумулативниот износ на јаглерод диоксид кој може да се испушти во одредено време за да се оствари температурниот праг, во овој случај 1,5 Целзиусови степени.
Бројни планирани или активни проекти за искористување на фосилните горива веројатно ќе доведе до тоа да не се исполни меѓународно договореното ограничување на глобалното загревање со Парискиот климатски договор во 2015.
И „таа мрачна слика веројатно го потценува тоа што мора да се направи“, предупредуваат научниците.
Јаглеродниот буџет во студискиот модел му дава на светот 50 отсто шанси глобалното загревање да се ограничи на 1,5 степени.
Но, тоа не ја исклучува неизвесноста како повратните реакции на климатскиот систем.
„Значи, за стабилизацијата на температурата да биде поизвесна, повеќе јаглерод мора да остане под земјата“, заклучуваат научниците.






