сабота, 21 јуни 2025

Најмалку тројца повредени во напад со нож во Австралија

Најмалку тројца мажи се повредени и итно пренесени во болница во напад со нож утринава во градот Дабо во австралиската држава Нов Јужен Велс, пренесуваат локалните медиуми.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата во моментов трага по две лица за кои постои сомневање дека се вмешани во нападот.

Тројца мажи се пронајдени со убодни рани во градот Дабо, северозападно од Сиднеј, по три часа утрово по локално време, откако наводно биле нападнати на улица, изјави полицијата за Канал 9 вести.

Според извештаите, две лица се здобиле со повреди во горниот дел од телото.

Друго 21-годишно лице се здобило со рани од убод во пределот на главата, грбот и долниот дел од телото.

Повредените се пренесени во болница, а соопштено е дека состојбата на жртвите е стабилна.

Австралиската полиција соопшти дека го истражува инцидентот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ