сабота, 9 мај 2026

Тепачка пред гробиштата во Ѓорче Петров, употребен и тврд предмет

Физичка пресметка помеѓу две жени била пријавена вчера пред влезот на гробиштата во Ѓорче Петров, информираат од полицијата.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавата во СВР Скопје, инцидентот се случил по претходна расправија, при што бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 36-годишната З.К. и 55-годишната Д.З., двете од Скопје.

Во тепачката бил употребен и тврд предмет.

Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ