понеделник, 7 јули 2025

Макрон и Путин разговараа за прв пат од 2022 година

Францускиот претседател Емануел Макрон денес разговараше со својот руски колега Владимир Путин за прв пат од септември 2022 година, повикувајќи на прекин на огнот во Украина „што е можно поскоро“ и координирање на активностите за контрола на нуклеарната програма на Иран, соопшти Елисејската палата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Макрон „ја истакна непоколебливата поддршка на Франција за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“ и „повика на воспоставување, што е можно поскоро, на прекин на огнот и почнување преговори меѓу Украина и Русија со цел цврсто и трајно решение на конфликтот“, се наведува во соопштението.

Рускиот претседател предупреди дека секој мировен договор во Украина мора да биде „долгорочен“. За Владимир Путин, украинскиот конфликт е „директна последица на политиките на западните земји“.

Во врска со Иран, „двајцата претседатели одлучија да ги координираат своите напори и наскоро да разговараат за заедничко разгледување на ова прашање“, соопшти француското претседателски кабинет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ