вторник, 18 ноември 2025

Израелските сили убиле елитен оперативец на Хезболах во напад со беспилотно летало во јужен Либан

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека висок оперативец на Хезболах е убиен вчера во напад со беспилотно летало во јужен Либан.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Војската соопшти дека оперативецот припаѓал на елитните сили Радван на Хезболах и бил вклучен во „извршување бројни терористички напади врз Израел и обнова на воената инфраструктура на Хезболах“, пренесува Тајмс оф Израел.

„Терористичките активности претставуваа закана за Државата Израел и нејзините цивили и претставуваат прекршување на договорот меѓу Израел и Либан“, соопшти Израелската одбранбена војска.

Израелските одбранбени сили вчера соопштија дека е убиен „офицер за безбедност на Хезболах“ во градот Кунин на југот на Либан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ