вторник, 14 април 2026

Ирански претставник во ОН: Земјите што им помагаа на САД и Израел во војната да платат отштета

Иранскиот претставник во Обединетите нации побара отштета од земјите за кои тврди дека учествувале во нападите на Соединетите Американски Држави и Израел врз таа земја.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Претставникот Амир-Саид Иравани тврди дека Бахреин, Саудиска Арабија, Катар, Обединетите Арапски Емирати и Јордан го прекршиле меѓународното право.

Тој изјави дека земјите мора да „ја надоместат целосната штета нанесена на Исламската Република Иран, вклучително и исплата на надомест за целата материјална и морална штета настаната како последица на нивните меѓународни прекршувања“.

Иравани вчера ја осуди американската блокада на иранските пристаништа како „тешко кршење“ на суверенитетот на земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ