Најдобрите македонски одбојкари со 3:0 (28:26, 25:20, 31:29) загубија од Црна Гора во вториот пријателски натпревар во Подгорица.
Репрезентациите одиграа неизвесен натпревар полн со пресврти во кој домаќинот се радуваше на крајот.
Како и на вчерашниот тренинг натпревар, така и денеска селекторот Јошко Миленкоски им даде шанса на сите одбојкари кои ги имаше на располагање.
Репрезентацијата утре се враќа дома.
Женската репрезентација на Македонија со 1:3 (25:23, 24:26, 16:25, 24:26) загуби од селекцијата на Косово во првиот пријателски тренинг натпревар, кој се играше попладнево во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
Македонија имаше убаво отворање со водство од 1:0 во сетови, и иако сите сетови се играа тесно и со многу осцилации, противникот успеја да се избори за комплетен пресврт.
Во четвртиот сет имавме и сет-топка, 24:22, но не ја искористивме, по што следуваше казна и со 24:26 го загубивме сетот.
Селекторот Милош Гавриловиќ комбинираше константно со поставата и им даде шанса на сите 16. одбојкарки кои ги имаше во составот.
Вториот пријателски меч меѓу овие две репрезентации се игра утре (15 часот) во Скендерај, на Косово.






