Во изјава на социјалните мрежи портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багеј кажа: „Оние кои донесуваат одлуки во Бугарија мора да ја сносат одговорноста за опасната одлука да бидат сместени американски авиони за полнење гориво во нивните воени бази“.
Во изјавата се додава дека Техеран верува дека ова не е изолиран случај и тврди дека слични одлуки се донесени и претходно со цел „поддршка на американските воени операции против Иран“. „Бугарскиот народ многу добро знае дека иранскиот народ никогаш немал никакви проблеми со Бугарија.
Со децении односите меѓу нашите два народа се темелеа на меѓусебно почитување“, се заклучува во пораката на иранското Министерство. Најновата реакција на Техеран доаѓа само неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп јавно му се заблагодари на бугарскиот премиер на својата социјална мрежа Трут соушал.
„Ви благодарам, премиере Радев! Бугарија стои зад Трамп и го поддржува распоредувањето на воздухопловната база на САД и покрај заканите од Иран“, напиша Трамп.
Thank you Prime Minister Radev!
Bulgaria Backs Trump, Approves US Air Base Support Despite Iran Threats: https://t.co/UHdRKKBSHf
( TS: Jul 24 2026, 1:01 PM ET ) pic.twitter.com/iorTD29CIL
— Commentary Donald J. Trump Truth Social Posts On X (@TrumpTruthOnX) July 24, 2026
Оваа размена на пораки предизвика загриженост во Бугарија, но министерот за одбрана Димитар Стојанов се обиде да ја смири јавноста. Во интервју за бугарската телевизија БТВ, Стојанов изјави дека не е загрижен за можноста за ирански ракетен напад врз Бугарија, но призна дека „сè е можно“.
Кога станува збор за стравот од потенцијални терористички напади, министерот тврди дека ризикот е помал сега отколку во периодот кога американските воени авиони беа стационирани на цивилниот аеродром.
Претходно оваа недела бугарскиот парламент го одобри преместувањето на американските авиони во воената воздухопловна база Безмер. Таа одлука предизвика протести од локалното население, кое се плаши дека областа би можела да стане цел поради растечките регионални тензии.





