понеделник, 14 јули 2025

Индија: Во поплавите поради монсунски дождови загинаа 51 лице, 22 се исчезнати (ВИДЕО)

Во монсунските дождови што ја погодија индиската држава Химачал Прадеш загинаа 51 лице, додека 22 се водат како исчезнати, соопштија денеска властите.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Разорните поплави и лизгањата на земјиштето уништија домови и инфраструктура, а штета е предизвикана и во земјоделството, објави индискиот портал Њуз Арена Индија.

Според Државниот центар за управување со вонредни состојби (СЕОК), од дождовите најмногу се погодени областите Манди, Кангра и Чамба.

Од 20 јуни до 1 јули евидентирани се серија одрони кои уништија куќи и сообраќајна инфраструктура.

Најголем број жртви е регистриран во округот Манди, каде што се пријавени 10 смртни случаи и 34 исчезнати лица.

Во извештајот на СЕОК се наведува дека луѓе загинале во поројни поплави, удари од гром, како и во сообраќајни несреќи.

Уништени се 204 куќи, а материјалната штета врз јавната инфраструктура се проценува на повеќе од 283,39 милиони рупии.

Покрај човечки жртви, во поплавите настрадаа и 84 грла говеда, додека во јуни во овој регион е забележано угинување на 830 животни, што значително ги влоши условите за земјоделство, според извештаите на медиумите.

Метеоролошките служби издадоа предупредување за нови дождови и потенцијални свлечишта во наредните денови, а властите апелираа до населението да ги следи упатствата за евакуација.

Државниот центар за управување со вонредни состојби активираше протоколи за итни случаи и ги повика сите окружни власти да останат во состојба на висока готовност поради можни нови временски услови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ