Ќеримагиќ, пред панел-дискусијата „Улогата на ЕУ во меѓународните односи и на Западен Балкан“ од Центарот за меѓународни и безбедносни прашања ИСАК и Националната конвенција за Европската Унија (НКЕУ), рече дека пораките на Фон дер Лаен до Западен Балкан се јасни и дека фокусот е на фактот дека „Албанија и Црна Гора позитивно одговараат по прашањето на својата стратегиска определба“, како и дека ја прифатиле понудата на ЕУ во врска со Планот за раст.
„Затоа претседателката Фон дер Лаен прво ги посети нив (Албанија и Црна Гора). Таа на инвестициските конференции рече дека во тие земји треба да се инвестира, тоа е главната порака од посетата“, рече Ќеримагиќ.
Тој додаде дека претседателката на ЕК имала поблага реторика во Белград со српскиот претседател Александар Вучиќ и дека за време на нивната средба имало „јасни пораки за променет тон што доаѓале од Брисел до Србија“.
„Најважниот момент од посетата на Србија е фактот што (Фон дер Лаен) на конференцијата можеше да објави дека има напредок во разговорите меѓу владата и експертите за реформите што ЕК со години ги бара од Белград“, рече тој.
На прашањето колку е вообичаено Комитетот за надворешни и европски работи на германскиот Бундестаг да побара дискусија за ситуацијата во една земја, со оглед на тоа што во Берлин се одржаа одделни состаноци меѓу претставници на тој комитет со претседателката на парламентот Ана Брнабиќ и директорката на невладината организација Центар за транспарентност и одговорност (ЦРТА) Раша Недељков, Ќеримагиќ рече дека тоа зборува за „тековни дискусии што се водат надвор од таквите индивидуални состаноци“.






