петок, 14 ноември 2025

ФБИ спречи потенцијален терористички напад во Мичиген

Планирале насилен напад во Ноќта на вештерките.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Федералното истражно биро на САД (ФБИ) денес спречи „потенцијален терористички напад“ во американската држава Мичиген и уапси повеќе лица, изјави директорот на ФБИ, Кеш Пател.

Пател објави на платформата Икс дека ФБИ уапсило повеќе лица во Мичиген што планирале насилен напад за Ноќта на вештерките.

Тој рече дека нападот бил спречен благодарение на агентите на ФБИ и органите за спроведување на законот, кои работеле деноноќно за да ја заштитат земјата, објави телевизијата Еј-би-си.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ