Сите шест држави од Западен Балкан се соочуваат со можност да останат без повеќе од 700 милиони евра.
Н1 наведува дека еврокомесарката за проширување Марта Кос тоа официјално ќе го објави на денешниот состанок на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ).
Србија така останува без 1,5 милијарди евра од таканаречениот „План за раст“ поради контроверзните правосудни реформи.
Сепак, конечната одлука ќе биде донесена откако Венецијанската комисија ќе го соопшти своето мислење за таканаречените „Мрдиќеви закони“.
Кос веќе оцени дека со усвојувањето и спроведувањето на тие закони Србија назадува на патот кон Европската Унија и побара нивната примена законски да се запре.
Во тој контекст, и Македонија е дел од пакетот на земји што треба да ги исполнат реформските услови, при што Брисел веќе предупредува дека застојот во клучните области како владеење на правото, борба против корупцијата и јавната администрација може да влијае врз исплатата на средствата од „Планот за раст“.
Кос ќе предупреди на оваа можност на денешниот состанок на АФЕТ, со цел државите да сфатат дека времето истекува.






