понеделник, 14 јули 2025

ЕУ е подготвена да го олесни продолжувањето на преговорите со Техеран за нуклеарната програма

Европската Унија е подготвена да го олесни продолжувањето на преговорите со Техеран за иднината на нуклеарната програма на Иран, изјави денес високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, по телефонскиот разговор со иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

По израелските и американските напади, „преговорите за прекин на нуклеарната програма на Иран треба да продолжат што е можно поскоро“, како и „соработката“ со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), напиша Каја Калас на платформата Икс.

„ЕУ е подготвена да го олесни ова“, додаде таа.

Според неа, секоја закана за повлекување од Договорот за неширење на нуклеарно оружје не помага во намалувањето на тензиите.

Арагчи во понеделникот ја отфрли можноста за брзо продолжување на разговорите со САД за нуклеарната програма и повтори дека Техеран прво мора да се погрижи Вашингтон да не продолжи со своите напади врз Иран.

САД и Иран разговараа за нуклеарната програма на Техеран кога Израел ги нападна иранските нуклеарни постројки и воената инфраструктура на 13 јуни, пред САД да бомбардираат три нуклеарни постројки на 21 јуни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ