вторник, 12 мај 2026

Естонија е првата земја во светот која воведе чет-ботови во сите училишта

Естонија е првата земја во светот која покрена иницијатива за интегрирање на чет-ботови и други алатки за вештачка интелигенција специјализирани за образование во националниот образовен систем, соопшти естонската влада, ОпенАи и Антропик.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Од 1 септември, односно од почетокот на новата учебна година, 20.000 средношколци од десетто и единаесетто одделение и нивните 3.000 наставници ќе имаат бесплатен пристап до ЧетГПТ Еду, алатка на компанијата ОпенАи, како и други алатки за вештачка интелигенција, се вели во соопштението на Владата.

Се планира следната година програмата да се прошири и на стручните училишта и на учениците од 10-то одделение, што значи уште 38.000 ученици и 2.000 наставници, објави Еурактив.

„Конкурентноста на Естонија зависи од тоа колку добро ги подготвуваме младите луѓе за ерата на вештачката интелигенција“, изјави министерката за образование Кристина Калас, додавајќи дека Естонија ќе инвестира многу во обуката на наставниците како дел од програмата Аи Лип.

Програмата ќе биде финансирана од јавно-приватната фондација Аи Лип, која беше развиена од Дигиталниот совет на претседателот и Министерството за образование и истражување, во која учествуваат бројни приватни претприемачи.

Се наведува дека конкретните задачи, членовите и моделот на финансирање на фондацијата ќе бидат договорени во март, објави Еурактив.

Во соопштението се додава дека се започнати преговори со компаниите ОпенАи и Антропик и дека се планира да се вклучат и други компании.

„Естонија создава модел што веројатно ќе го следат и другите земји“, изјави Нерав Кингсланд, шеф за развој на бизнисот во Антропик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ