Според информациите од полицијата, инцидентот се случил во ООУ „25 Мај“ во Ченто.
„На 11.05.2026 во 14:50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 15-годишник од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од општинско основно училиште на подрачјето на Гази Баба, дека пријавениот влегол во училиштето и со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на 15-годишен ученик во училиштето. Предметот е одземен и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, велат од МВР.
Неофицијално, повреденото дете е пренесено во болница и е оперирано.
Засега нема официјални детали за неговата здравствена состојба, ниту за мотивите за нападот.






