Како што објави „Мирор“, Симпсонови уште во 2012 година предвидоа дека крузер заразен со вирус ќе исплови, во епизода во која Марџ и Хомер се на крузер со своите деца, кога одеднаш се огласил аларм на бродот, а видео порака од генералот Вилијам Саливан билз емитувана на огромен екран.
“Смртоносниот вирус Пандора се шири брзо. Сите бродови мора да останат на море”, порача тогаш генералот, што предизвика паника на бродот.
Весникот забележува дека, според сценариото, немало вирус, туку станува збор за шега од Барт Симпсон, кој сакал да го продолжи својот одмор.
Ова не е прв пат „Симпсонови“ да предвидат настани години, па дури и децении пред тие всушност да се случат.
Оваа анимирана серија, на пример, го предвиде договорот помеѓу Волт Дизни и Твентифрст сенчури фокс, претседателскиот мандат на Доналд Трамп и појавата на Епл часовник.
Смртоносниот хантавирус се појави на холандскиот крузер МВ Хондиус во април годинава, додека патуваше од Аргентина кон Зелено’ртските Острови, СЗО потврди седум случаи на инфекција и три смртни случаи.






