вторник, 12 мај 2026

Три приведени за семејно насилство, шест случаи пријавени за едно деноноќие

Три лица се лишени од слобода, а со едно лице е извршен службен разговор поради пријави за семејно насилство во последното деноноќие, информира Министерството за внатрешни работи. Вкупно биле евидентирани шест случаи на физичко и психичко малтретирање низ повеќе градови во државата.

Објавено на

часот

Сподели

Во еден од случаите, 43-годишна жена од Скопје пријавила дека нејзиниот сопруг, со кого не живее заедно, физички го нападнал нивниот 13-годишен син додека бил кај него на подрачјето на Гази Баба.

Во Скопје бил приведен и 52-годишен маж, откако неговата партнерка пријавила дека во два наврати физички ја нападнал во семејниот дом во Центар, при што употребил и тврд предмет.

Полициски службеници ја лишиле од слобода и 38-годишна жена од Скопје, по пријава дека физички го нападнала сопругот во нивниот дом во Карпош, користејќи тврд предмет, а притоа оштетила и дел од покуќнината. Според пријавата, сопругот и претходно бил изложен на психичко и физичко малтретирање.

Во Кочани, 40-годишна жена пријавила дека по расправија во домот била физички нападната од сопругот, кој, според нејзините наводи, и претходно се однесувал агресивно.

Во Охрид бил извршен службен разговор со 37-годишна жена од охридско, поради сомнение дека физички ги нападнала сестрата на нејзиниот сопруг и нејзиниот син, при што употребила метален предмет.

Во Куманово, пак, бил приведен 36-годишен маж по пријава дека физички ја нападнал својата вонбрачна сопруга.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите, по што против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ