Теснецот повеќе не се гледа како тесен појас околу неколку острови, туку неговиот опфат и воено значење значително се проширени, рече Мохамад Акбарзаде, заменик политички директор на морнарицата на ИРГЦ, објави утрово државната новинска агенција Фарс.
„Во минатото Ормускиот теснец беше дефиниран како ограничена област околу острови како Ормуз и Хенгам, но денес тој поглед е променет“, рече Акбарзаде.
Иран фактички ја презеде контролата врз овој клучен пловен пат откако САД и Израел го нападнаа на 28 февруари. Повеќенеделното тешко бомбардирање и американската поморска блокада воведена минатиот месец сè уште не ја ослабеле неговата контрола.
Не е точно да се каже дека теснецот е затворен, бидејќи Иран за време на војната дозволуваше премин на одделни бродови од пријателски земји, како Кина, Индија и Пакистан.
Иран тврди дека повторно ќе го отвори теснецот само ако заврши американско-израелската војна против него и ако блокадата биде укината.
Техеран наведува дека наплаќал такси од трговски бродови за да можат слободно да пловат низ теснецот, што САД остро го отфрлаат.






