вторник, 12 мај 2026

Германци, Французи и Грци заинтересирани за потпис со Елмин Растодер

Македонскиот фудбалер Елмин Растодер би можел да направи трансфер во поголем клуб.

Објавено на

часот

Сподели

Напаѓачот зад себе има фантастична сезона во дресот на Тун, откако клубот веднаш по враќањето во елитата сензационално стигна до шампионската титула во Швајцарија. Растодер беше еден од клучните играчи на тимот во текот на целата сезона и со 13 погодоци се наметна како еден од најдобрите фудбалери на Тун. Одличните настапи не минаа незабележано, па интерес за македонскиот голгетер веќе покажуваат повеќе европски клубови.

22-годишниот напаѓач има уште една година од договорот со швајцарскиот шампион, а раководството на клубот сака да ја продолжи соработката. Сепак, ситуацијата дополнително се комплицира поради сериозниот интерес од странство.

Според последните информации, Панатинаикос веќе испратил понуда за ангажман на Растодер, додека во трката се вклучил и Лион, кој започнал преговори за можен трансфер во летниот преоден рок. Германски медиуми пренесуваат дека интерес има и од неколку клубови од Бундеслигата, кои внимателно ги следат случувањата околу македонскиот напаѓач и подготвуваат конкретни понуди.

Договорот на Растодер во Тун е валиден до следното лето, но клубот има опција да го продолжи и се наоѓа во одлична преговарачка позиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ