вторник, 12 мај 2026

Перез прифаќа избори: Кој сака да си одам, нека ме победи

Флорентино Перез повторно ја разбранува шпанската јавност, откако првиот човек на Реал Мадрид свика итна прес-конференција и испрати јасна порака до сите критичари на неговото раководење со „кралскиот“ клуб.

Објавено на

часот

Сподели

Во моменти кога се шпекулираше дека ќе зборува за тренерската позиција, играчкиот кадар или за разочарувачката сезона, Перез излезе со сосема поинаква најава. Претседателот на Реал повика на нови избори во клубот и потенцираше дека нема намера сам да се повлече од функцијата.

Нема да поднесам оставка. Напротив, повикувам на нови избори во Реал Мадрид. Зошто? Бидејќи работам тука од 2000 година. Ќе заминам кога некој ќе победи на избори против мене. Некои сакаат да ја турнат оваа управа. Тие што сакаат да водат, еве им шанса, но нека не зборуваат зад грб. Секој што ме критикува може да дојде на изборите и да застане против мене. Кој и да сака да се истакне, нека повели“, изјави Перез.

Првиот човек на мадридскиот гигант откри и дека во изминатиот период се соочил со бројни шпекулации поврзани со неговата здравствена состојба.

Дури прочитав некаде дека имам рак, сакате да си заминам? Во ред. Ќе свикам избори и победете ме“, порача Перез.

Флорентино Перез првпат седна на претседателската функција во Реал Мадрид во 2000 година, а во неговата ера клубот освои 37 трофеи во фудбалот и уште 29 во кошарката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ